Боречки спортови Други спортови

Бојковиќ со страшен нокаут го освои појасот во Скопје! (ВИДЕО)

Ако до неодамна многумина се сомневаа во неговиот потенцијал по кризниот период и болните порази, Марко Бојковиќ во Скопје ги затна сите скептици на најсуров можен начин. На „детето на организацијата“ му беа потребни само 49 секунди за да го сруши шампионот Лом-Али Ескијев и да го грабне појасот во лесна категорија на ФНЦ 34!

Оваа победа доби историски размери поради начинот на кој пристигна. Во стилот на легендарниот Конор Мекгрегор, српскиот борец уште пред борбата со неверојатна прецизност го предвиде точниот завршеток:

„Тој во првата рунда ќе се обиде да ме притисне наназад, ќе налета на исклучително опасен ударсо задната рака и ќе биде тешко нокаутиран“, порача Бојковиќ во најавата пред мечот.

И токму тоа сценарио се одигра во октагонот во салата „Борис Трајковски“. Ескијев тргна агресивно напред кон центарот на кафезот, но наместо да го наметне својот ритам, налета директно на разорната десница на Бојковиќ. Шампионот веднаш падна на подот, а судијата немаше друг избор освен да свири крај.

Овој триумф не донесе само шампионски појас, туку и потврда за зрелоста на Бојковиќ. За разлика од претходните мечеви каде што влегуваше во непромислени размени за да ѝ се допадне на публиката, овојпат покажа трпение, ладнокрвност и тактичка совршеност. Осум години по неговите аматерски почетоци во ФНЦ во 2018 година, Бојковиќ го затвори ова важно поглавје од кариерата на најдобар можен начин, со шампионска круна околу струкот пред скопската публика.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.