Повремениот македонски репрезентативец и играч на Струга Трим Лум, Бојан Илиевски заминува во хрватскиот шампионат во екипата на Истра. Според последните информации од хрватскиот клуб Истра, тие се силно заинтересирани за услугите на десниот бек, но и начелно се договорени деталите околу трансферот. На Илиевски му истече договорот со струшкиот клуб и заминува како слободен играч.
Илиевски зад себе има одлични изданија во последните неколку сезони, привлекувајќи го вниманието на неколку клубови надвор од Македонија.
Десниот бек одигра повеќе од 202 натпревари во нашиот шампион бранејќи ги боите на Пелистер, Работнички, Македонија Ѓорче Петров и Струга Трим Лум, а исто така забележа и неколку настапи за А селекцијата на Македонија под водство на Благоја Милевски.

