Македонски фудбал Фудбал

Бојан Димоски ќе игра за тетовска Шкендија

Шкендија продолжува да го моќни сопствениот состав во пресрет на новата сезона во домашното првенство и настапите во Европа, а најново име во Тетово е македонскиот репрезентативец Бојан Димоски. Раководството на клубот извојува победа во трката за потписот на квалитетниот лев бек, кој денеска официјално беше промовиран и се обврза на верност кон црвено-црните во следните две години.

Се очекува Димоски да биде директна замена на левата бековска позиција за Роналдо Вебстер, кој веќе има неколку примамливи понуди и се наоѓа пред заминување од клубот.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.