Боречки спортови Други спортови

Бобан Илиоски со перфектно деби и нокаут во Глори (ВИДЕО)

Македонскиот кик-боксер Бобан Илиоски испиша нова страница во македонската спортска историја, откако на престижниот боречки настан Глори 110 во Антверпен го нокаутираше фаворизираниот Ајмане Латифи уште во првата рунда. Во дуелот од средна категорија кој беше втор на главната програма во преполната „Лото арена“, македонскиот борец влезе како аутсајдер наспроти Латифи, кој зад себе имаше импресивен биланс од 21 победа и четири порази, но сите претпоставки паднаа во вода уште со првиот звук на сирената.

Илиоски тргна фуриозно од самиот почеток, наметна жестоко темпо и во текот на првите три минути дури трипати го испрати својот противник на подот. По третиот нокдаун, судијата во рингот ја прекина борбата согласно правилата на промоцијата и додели победа со технички нокаут за македонскиот репрезентативец. Со овој доминантен триумф, Илиоски ја приреди најголемата сензација на вечерта и официјално стана првиот Македонец со победа во најелитното светско кик-бокс друштво.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.