Меѓународен ракомет Ракомет

Блаж Јанц го продолжи договорот со Барселона!

Барселона продолжува да го зачувува шампионскиот костур по освоената европска титула. Каталонскиот клуб постигна договор за продолжување на соработката со словенечкиот репрезентативец Блаж Јанц, кој останува во клубот до летото 2030 година. Иако за искусниот ракометар постоеше сериозен интерес од неколку европски гиганти, Јанц реши да остане верен на Барса, каде што е еден од најважните играчи во тимот на Карлос Ортега.

Словенецот пристигна во Барселона во 2020 година и оттогаш освои бројни трофеи, вклучувајќи и четири титули во Лигата на шампионите. Неговата разновидност, со можност да игра и како десен бек и како десно крило, го прави еден од најценетите ракометари во европскиот ракомет.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.