Кошарка Македонска кошарка

Благој Димитриев се враќа во Пелистер: Прво засилување за битолчани во новата сезона!

Кошаркарскиот клуб Пелистер официјално ја започна реконструкцијата на тимот за претстојната сезона 2026/27. По ангажманот на искусниот стратег Тане Спасев за нов шеф на стручниот штаб, битолчани го промовираа и првото ново име во играчкиот ростер, Благој Димитриев.

За 26-годишниот кошаркар ова е враќање во позната средина, со оглед на тоа што веќе го носеше „зелено-белиот“ дрес пред неколку сезони. Тој во Битола пристигнува од екипата на Тиквеш, каде што ги мина последните 12 месеци, а во досегашната кариера ги бранеше и боите на Ангели и Струмица.

Раководството на КК Пелистер потврди дека потписот со Димитриев е само почеток на градењето на тимот. Во следните неколку денови се очекува официјализација и на други нови засилувања со кои клубот веќе ги договори сите детали.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.