Вечерва во салата „Боро Чурлевски“ паѓа одлуката дали Еурофарм Пелистер ќе игра во Европа следната сезона или ќе доживее тежок фијаско-удар на самиот крај. Задачата е пеколно тешка бидејќи на гости им доаѓа супер-опасниот состав на Кирил Лазаров, кој нема што да изгуби, а има огромен мотив да земе скалп во Битола. На домаќините им игра исклучиво победа за да го преземат вицешампионскиот трон и да фатат воз за Европската лига.
Покрај огромниот влог, натпреварот со почеток во 18:00 часот ќе донесе и многу емоции на теренот. Ова ќе биде последен пат битолската публика да ги види во зелено-белиот дрес Радивојевиќ, Тајник и Абутовиќ, три звучни имиња кои веќе си ги пакуваат куферите и си заминуваат од клубот по завршувањето на ова последно 60-минутно лудило.
Сè или ништо за битолскиот ракометен гигант!

