Македонскиот репрезентативен голман Мартин Томовски продолжува да воодушевува во германската Бундеслига, каде што со своите блескави изданија израсна во вистински лидер и клучна фигура во тимот на Битигхајм.
По фантастичните 16 интервенции на дуелот против европскиот гигант Магдебург, македонскиот чувар на мрежата приреди уште едно голово шоу, овојпат против уште еден гигант, Фуксе Берлин. Иако неговиот тим претрпе минимален пораз од 31-32, Томовски беше незапирлив меѓу стативите и запиша 14 успешни одбрани, со кои речиси сам го држеше Битигхајм во игра за сензација до последните секунди.
Неговите спектакуларни одбрани не останаа незабележани ниту од германскиот клуб. Битигхајм на своите официјални профили на социјалните мрежи објави видео-компилација со најдобрите моменти на македонскиот репрезентативец, придружена со краток коментар кој најдобро ја опишува неговата форма:
„Овој човек е од друг свет!“
View this post on Instagram

