Меѓународен фудбал Фудбал

Билбао се разбуди во Виго: Прва радост за Един Терзиќ во Ла Лига!

Атлетик Билбао ја прекина лошата серија на стартот од новата сезона во Ла Лига и оствари значајна победа на гостувањето кај Селта со 0-2. Ова беше прв триумф за новиот кормилар Един Терзиќ по двата почетни порази, додека тимот од Виго скапо ги плати сопствените грешки и падатот на концентрацијата во средишниот дел од првото полувреме.

Натпреварот можеше да тргне во сосема друг правец доколку домаќините ја искористеа колосалната шанса преку Сведберг, кој од десетина метри биеше директно во противничкиот голман. Суровата казна за овој промашен зицер пристигна моментално, и тоа во двојна порција. По една загубена топка на центарот, Алекс Беренгер тргна во офанзива и со мајсторски удар во спротивниот агол донесе водство од 0-1. Само 90 секунди подоцна, гостите одново ја искористија заспаноста во одбраната на Селта, по брза комбинација меѓу Вилијамс и Галарета, Роберт Наваро рутински реализираше за предност од 0-2.

Незадоволството од играта на Селта го потврди и тренерот Хиралдез, кој направи дури четири измени уште на паузата. Домаќините во вториот дел се обидоа да се вратат во мечот, а најблиску беа кога Старфелт непречено со глава биеше за малку покрај стативата. До крајот и Ињаки Вилијамс пропушти шанса уште повеќе да ја зголеми предноста за гостите, но Баскијците без поголеми проблеми го сочуваа водството и ги запечатија првите три бода во шампионатот.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.