Мундијалската приказна за двократниот светски првак Уругвај заврши со незапаметен крах уште во групната фаза, каде што уругвајските ѕвезди завршија дури и зад селекцијата на Зеленортските Острови. По елиминацијата, контроверзниот селектор Марсело Биелса одржа гневен монолог во својствен „Ел Локо“ стил, преземајќи ја комплетно вината и прогласувајќи го својот тригодишен мандат за целосно промашување. Тој порача дека неговиот придонес за уругвајскиот фудбал е равен на нула и дека јавноста со право го обвинува за неуспехот.
Дека работите во таборот на „урусите“ одамна биле излезени од контрола потврдија и бизарните случувања на клучниот натпревар против Шпанија. Бјелса откри дека искусниот голман Муслера на полувремето сам побарал да излезе од игра иако не бил повреден, додека раната замена на првата ѕвезда Федерико Валверде ја оправда со сопствени тактички замисли. Прес конференцијата заврши во исклучително тензична атмосфера, кога бесниот аргентинец грубо ѝ се развика на една новинарка во салата, ставајќи драматичен крај на својата ера на клупата на Уругвај.

