Меѓународен фудбал Фудбал

Без победник во Мадрид: Атлетико и Арсенал ќе решаваат во Лондон!

Атлетико Мадрид и Арсенал ги поделија бодовите играјќи 1:1 во првиот полуфинален натпревар од Лигата на шампионите. Првото полувреме помина во мирна игра, сè до 43-та минута кога Арсенал доби пенал по прекршокот врз Виктор Ѓокереш. Шведскиот напаѓач беше прецизен од белата точка и му донесе водство на својот тим пред паузата.

Во второто полувреме домаќините заиграа многу поагресивно и брзо стигнаа до израмнување. Хулијан Алварез погоди од пенал во 54-та минута, откако Бен Вајт невнимателно играше со рака во шеснаесетникот. „Јорганџиите“ беа блиску до целосен пресврт, но ударот на Гризман заврши во пречката, а голманот Раја со одлична одбрана го сопре Лукман.

Во 78-та минута судијата прво досуди пенал за Арсенал, но по прегледувањето на ВАР снимката ја смени одлуката. До крајот на мечот и двете екипи имаа по неколку шанси, но резултатот остана непроменет. Конечната одлука за тоа кој ќе оди во големото финале ќе падне за шест дена на „Емирати“ во Лондон.

По спектакуларниот триумф на ПСЖ над Баерн со 5:4 во првото полуфинале, сега нè очекуваат уште повозбудливи реванши.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.

Поврзани вести