Меѓународен фудбал Фудбал

Без победник во баскиското дерби меѓу Атлетик Билбао и Алавес

Атлетик Билбао имаше повеќе од играта и создаваше прилики, но не успеа да ја круниса доминацијата со погодок. Баскискиот состав на својот „Сан Мамес“ одигра 0-0 против Алавес во натпреварот од седмото коло во Ла Лига. Домаќините уште од почетокот се обидуваа да воспостават контрола и имаа поголем посед, но одбраната на гостите успешно ги неутрализираше нивните напади. Алавес дисциплинирано се бранеше и го чекаше својот момент, па до паузата мрежите останаа недопрени.

Најголемата шанса за Атлетик дојде во второто полувреме. Во 69. минута беше досуден пенал за домаќините, но Ојхан Сансет не успеа да го реализира ударот од белата точка. Голманот на Алавес, Антонио Сивера, одлично интервенираше и го зачува својот гол. До крајот Атлетик продолжи да притиска, но гостите издржаа и го однесоа бодот од „Сан Мамес“. Со ова реми, Алавес стигна до 11 бода и моментално е на шестото место, додека Атлетик Билбао има осум бодови и се наоѓа на осмата позиција, со натпревар помалку.

 

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.