Меѓународен фудбал Фудбал

Без победник на Драгао, домаќините во Конференциска лига убедливи

Вечерва се одиграа првите натпревари од четвртфиналната фаза во Лига Европа и Конференциската лига. Порто на домашен терен и покрај иницијативата, не успеа да го скрши отпорот на Нотингем Форест, па на гостувањето во Англија ќе отпатува со нерешен резултат 1:1. Фановите на Драгао, овој натпревар ќе го памтат по неверојатниот автогол на Фернандес од речиси половина терен. Атон Вила славеше со убедливи 3:1 на гостувањето кај Болоња, а Фрајбург со огромни 3:0 ќе отпатува на гостувањето кај Селта Виго во реванш мечот. Вчера Брага и Бетис одиграа 1:1 во својата прва пресметка.

Во Конференциската лига домашните екипи беа убедливи и славеа победи. Кристал Палас со одлична игра, на домашен терен славеше висока победа од 3:0 против Фиорентина. Рајо Валекано исто така беше убедлив на на домашен терен против грчки АЕК и славеше со 3:0. Во преостанатите два натпревари од четвртфиналната фаза, Мајнц го совлада Стразбур со 2:0, а Шахтјор беше подобар од АЗ Алкмар со 3:0, па така ниту една гостинска екипа во Конференциската лига, вечерва не успеа да постигне гол.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.

Поврзани вести