Барселона повторно е финансиски стабилна и покажува огромна моќ на фудбалскиот пазар ова лето. По експресниот трансфер на Ентони Гордон, каталонскиот гигант е на чекор до ангажман на Бернардо Силва. Португалскиот плејмејкер е подготвен да ја исполни својата голема желба и конечно да заигра во Шпанија.
Доскорешниот фудбалер на Манчестер Сити реши да си замине по одлуката на Пеп Гвардиола да ја напушти клупата. За да ја реализира оваа зделка, Силва прифати двојно помала плата од 8.000.000 евра годишно. Тој со новиот клуб ќе потпише соработка на две години, со опција за дополнително продолжување.
Неговиот менаџер Жорж Мендеш активно работи на трансферот за сè да биде готово пред Светското првенство. Покрај Силва, Барселона подготвува уште еден спектакуларен удар и испрати понуда од 100.000.000 евра за Хулијан Алварез.

