Меѓународен фудбал Фудбал

Бернардо Силва е официјално нов крал!

Иако за овој трансфер подолго време се шпекулираше во јавноста, сега пристигна и конечна потврда од добро упатениот новинар Фабрицио Романо дека Бернардо Силва е нов фудбалер на Реал Мадрид. Португалскиот репрезентативец стави потпис на двегодишен договор со „кралскиот клуб“, со опција соработката да биде продолжена за уште една дополнителна сезона. Официјалната презентација на новиот фудбалер на Мадрид ќе се одржи веднаш по завршувањето на Светското првенство.

Со оваа зделка, предводникот на Реал, Жозе Мурињо, доби уште едно капитално засилување за новата сезона, откако претходно управата го донесе Марк Кукуреља и успеа да го продолжи договорот со дефанзивецот Антонио Ридигер.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.