Меѓународен фудбал Фудбал

Бернардо на радарот на Јувентус и Барселона!

Гигантите Барселона и Јувентус се меѓу клубовите кои покажуваат интерес за капитенот на Манчестер Сити, Бернардо Силва, објавува „Скај Спортс“.

Двата клуба одамна се фанови на португалскиот репрезентативец, за кого асистентот на менаџерот Гвардиола, Пеп Линдерс, потврди дека ќе го напушти клубот по истекот на договорот на крајот на сезоната. 31-годишниот играч за врска, сепак, сè уште не донел одлука за својата иднина и дури бил поврзуван со трансфер во Саудиска Арабија или МЛС – лигата.

Од Манчестер Сити денеска потврдија дека капитенот си заминува.

Силва е незаменлив дел од системот на Пеп Гвардиола уште од неговата втора сезона на чело на „граѓаните“. Португалецот пристигна на „Етихад“ во јули 2017 година, а оттогаш собра 450 натпревари, во кои постигна 76 голови.

Во тековната сезона, плејмејкерот, кој има шест титули од Премиер – лигата, два трофеи во ФА купот, пет пехари од Лига купот и еден трофеј од Лигата на шампионите, ја доби капитенската лента и досега има 43 настапи од можни 50 натпревари.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.

Поврзани вести