Меѓународен фудбал Фудбал

Бергвал крена раце од Тотенхем: Шведскиот бисер побара трансфер од Лондон!

Пред две години Тотенхем го донесе Лукас Бергвал пред носот на Барселона за 20 милиони евра, но шведскиот суперталент веќе не ја гледа својата иднина во клубот. По мачната сезона во која „спарси“ одвај изборија опстанок во Премиер лигата, 20-годишниот играч за врска официјално побара од управата да му биде дозволен трансфер, иако има долгорочен договор до 2031 година. Според влијателниот медиум „Атлетик“, за неговиот потпис веќе се распрашуваат Челси, Астон Вила и неколку други европски гиганти.

Главна причина за незадоволството на Бергвал е честата смена на менаџери и немањето јасна улога на теренот. По заминувањето на Ангелос Постекоглу, со кого ја освои Лигата на Европа, младиот Швеѓанец падна во втор план кај Томас Френк и Игор Тудор, а неговите карактеристики не се вклопуваат ниту во актуелната 4-2-3-1 тактика на Роберто Де Зерби. Бидејќи Тотенхем моментно интензивно работи на купување на Сандро Тонали, продажбата на Бергвал се наметнува како логичен чекор. Неговата пазарна вредност изнесува 35.000.000 евра, што е одлична шанса за лондонскиот клуб добро да заработи и да ги покрие трошоците за новите засилувања.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.