Други спортови Тенис

Бергс го шокираше Алкараз во Шангај

Мастерсот во Шангај приреди уште една првокласна сензација. По предвременото испаѓање на Новак Ѓоковиќ, кинескиот турнир остана и без Карлос Алкараз, откако седумкратниот гренд-слем шампион доживеа шокантен пораз во третото коло од Белгиецот Зизу Бергс со 7:5 и 7:6.

За 39-тиот тенисер на АТП-листата ова е убедливо најголемиот триумф во кариерата. 27-годишниот Бергс одигра речиси совршен меч против шпанскиот ас и по нешто повеќе од два часа борба се избори за место во осминафиналето. Белгиецот по последниот поен зачудено напиша на ТВ-камерата: „Што воопшто се случи?“.

„Честопати имам премногу почит кон овие момци, тоа е дел од мојата култура и се гордеам со тоа. Но, пресреќен сум како денеска се соочив со притисокот, посебно откако претрпев брејк кога сервирав за победа“, изјави Бергс по мечот.

Ранaта елиминација на Алкараз во Шангај, во комбинација со одлуката на Јаник Синер предвреме да ја заврши тековната сезона, донесе историски епилог на врвот. Александар Зверев и официјално ќе ја заврши 2026 година како светски рекет број еден, подвиг што никогаш претходно во историјата на тенисот му нема успеано на ниту еден германски играч.

Бергс во следната рунда ќе ги одмери силите со Томи Пол во обид да го повтори минатогодишниот успех кога стигна до четвртфиналето во Шангај.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.