Португалскиот гигант Бенфика постигна договор за ангажман на колумбискиот напаѓач Џон Дуран, кој пристигнува на позајмица со право на откуп од саудискиот Ал Наср. Дуран се одлучи за преселба на стадионот „Луж“ со цел да ја врати препознатливата форма, која тргна во надолна линија по заминувањето од Астон Вила во Саудиска Арабија.
За да ја оживее кариерата, тој се согласи и на драстично намалување на огромната плата од 20 милиони долари, која во изминатиот период делумно ја покриваа неговите поранешни клубови каде што настапуваше како позајмен играч, Фенербахче и Зенит.
Новиот стратег на Бенфика, Марко Силва, одлично ги познава квалитетите на колумбискиот фудбалер уште од нивните денови во Премиер лигата и има јасен план за неговата улога на теренот.
Со доаѓањето на Дуран, португалските медиуми најавуваат дека Силва ќе го промени напаѓачкиот систем и ќе премине на формација со двајца класични шпицови во „ромб“, каде новото засилување ќе ја дели минутажата со Павлидис, Ивановиќ и Араухо. Колумбиецот веќе на почетокот на следната недела треба да пристигне на задолжителните медицински прегледи и веднаш да се приклучи на летните подготовки на екипата.

