Меѓународен фудбал Фудбал

Бељо со пенал во 96. минута донесе голема победа за Динамо против Андерлехт (ВИДЕО)

Фудбалерите на Динамо Загреб остварија драматична победа од 1:0 над Андерлехт во 3. коло од Лигата на Европа, решавајќи го содржајниот дуел на „Максимир“ дури во шестата минута од судиското продолжение.

Одлучувачкиот момент се случи по еден центаршут од десната страна, кога Родригез се обиде да ја врати топката во шеснаесетникот, а таа го погоди во раката дефанзивецот на гостите Риабчук. По прегледот во ВАР собата, судијата покажа на белата точка, од каде што Дион Дрена Бељо беше сигурен реализатор за голема радост на домашните навивачи.

Динамо подобро го отвори мечот и уште во воведните 15 минути се закани преку Арбер Хоџа и Лука Стојковиќ. Сепак, Андерлехт го презеде ритамот и во 21. минута затресе дури две пречки во иста акција, најпрво преку Михајло Цветковиќ, а потоа и по ударот на Риабчук кој со крајни напори го одбрани домашниот голман Доминик Котарски.

Чуварот на мрежата на загрепчани беше еден од клучните актери на теренот, бранјеќи ги извонредните обиди на Дегреф, Винклер и Озгор. На спротивната страна, загрепчани пропуштија шанси преку Галешиќ, Алмена и Хоџа, чиј соло-продор во 81. минута во последен момент го запре Бари, пред Бељо во финишот да го стави печатот на триумфот.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.