Меѓународен фудбал Светски првенства Фудбал

Белингам влезе во историјата: Четири големи турнири на само 22 години!

Англискиот суперстар Џуд Белингам уште еднаш ги помести границите во светскиот фудбал. Со појавувањето на теренот на Мундијалот во 2026 година, членот на Реал Мадрид стана најмладиот играч во историјата на европскиот фудбал кој заиграл на четири големи репрезентативни натпреварувања.

Иако има само 22 години, Белингам го започна воведниот дуел против Хрватска како стартер, што за него беше вкупно 16-ти натпревар на големите сцени (Европски и Светски првенства). Селекторот на „Трите лава“, Томас Тухел, реши да му ја довери диригентската палка во средниот ред, оставајќи го во овој наврат Морган Роџерс на клупата за резерви.

Германскиот стратег по натпреварот призна дека имал слатки маки околу составувањето на првите единаесет, нагласувајќи дека конкуренцијата во тимот е на врвно ниво.

„Изборот беше навистина тежок бидејќи и Џуд и Морган се во извонредна форма и заслужуваат место на теренот. Сепак, решив да им дадам предност на играчите кои се покажаа одлично на последниот подготвителен тест. За ваков турнир ни е потребна исклучително силна клупа и фудбалери кои можат да направат разлика во секој момент од мечот“, истакна Тухел.

Со овој историски чекор, младиот играч за врска само ја потврди својата улога на незаменлив лидер на оваа генерација на Англија.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.