Други спортови Останато

Бецеки со прва победа на легендарната патека Муџело!

Марко Бецеки оствари фантастична победа на Големата награда на Италија во Мото ГП шампионатот. Возачот на Априлија за првпат во кариерата славеше на култната патека Муџело. Ова беше седмата трка во тековната сезона.

Тој на домашната патека извојува четврта победа во оваа успешна година. Бецеки на крајот заврши пред својот тимски колега Хорхе Мартин. Третото место на подиумот му припадна на Франческо Бањаја од Дукати.

Во генералниот пласман Бецеки моментно води со освоени 173 бода. Неговиот најблизок следач Мартин има 17 бода помалку. Следната трка ќе се вози на Балатон парк во Унгарија од 5 до 7 јуни.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.