Меѓународен фудбал Фудбал

Бастони се сели во Каталонија? Интер и Барса на преговори!

Дефанзивецот  на Интер, Алесандро Бастони дал согласност за евентуален трансфер во редовите на Барселона, а преговорите меѓу каталонскиот клуб и Интер веќе се во тек, пренесуваат италијанските медиуми.

Иако има договор до 2028 година, Интер се премислил околу негово продолжување поради пад во формата, додека Барселона е подготвена да издвои околу 45 милиони евра и да му понудат плата од над 5 милиони по сезона.

Сепак, ставовите околу обештетувањето се различни, па се очекува трансферот да се реализира за сума блиска до 60 милиони евра, иако претходно се споменуваа и 80 милиони евра.

 

 

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.

Поврзани вести