Вечерва, во преостанатите наптревари од 35 коло во Евролигата, Басконија на домашен терен приреди големо изненадување славејќи победа против фаворитот Реал Мадрид. Гостинот од Мадрид во поголемиот дел од натпреварот беше во предност, се до резултатот 88:95, после кој домаќинот со серија стигна до изедначување, а Коби Симонс во последните моменти погоди две слободни фрлања за голема победа на Басконија и конечен резултат 98-96.
Најдобар во домашниот тим беше Кабаро со 26 поени, додека Диаките и Симонс го следеа со по 21 поен.
Кај Реал се истакна Кампацо со 21 поен и 9 асистенции, а Хезоња го следеше со 17 поени.
Басконија се наоѓа на 18 позиција и нема никакви шанси за Плеј-ин, а Реал е на третата позиција, со идентичен скор како и Валенсија.
Вечерва и Олимпијакос дојде до тешка победа против Асвел, на гостински терен. На крилата на Саша Везенков и Никола Милутинов, гостите од Атина успеаја да слават 74:82 и така да ја задржат лидерската позиција на табелата.
Везенков го заврши мечот со 23 поени, а Милутинов запиша 10 поени и 9 скокови. Кај домаќинот најпрецизен беше Ажинса со 17 поени.
Во последниот натпревар Валенсија забележа победа на гости кај Виртус Болоња со резултат 81:94.

