Фудбалскиот пазар секогаш носи возбудливи пресврти, а гигантите од Шпанија и Германија повторно се подготвуваат за голема трансфер битка. Барселона веќе подолго време бара долгорочна замена во нападот, па очите на управата се насочени кон најголемата ѕвезда на Баварците. Овој потенцијален трансфер би можел да биде еден од најголемите во европскиот фудбал во претстојниот период.
Според информациите на каталонскиот спортски медиум Sport.es, шпанскиот шампион Барселона сè уште е сериозно заинтересиран за ангажман на голгетерот на Баерн Минхен, Хари Кејн.
Бидејќи откупната клаузула на Англичанецот, која изнесуваше 65 милиони евра, истече пред неколку месеци, каталонскиот клуб ќе мора директно да преговара со раководството на Баерн. Сепак, германскиот гигант нема лесно да се откаже од својот најдобар стрелец, се очекува Баварците да ја започнат цената за преговори од најмалку 80 милиони евра.
Зад Кејн е уште една брутална сезона во која на 51 натпревар во сите натпреварувања постигна неверојатни 61 гол и седум асистенции.
Неговиот актуелен договор со Баерн е со важност до летото 2027 година. Барселона планира да ја искористи оваа ситуација со слична стратегија како при трансферот на Роберт Левандовски, кој на сличен начин пристигна од Минхен, а ова лето дефинитивно го напушти „Камп Ноу“.

