Екипата на Барселона вечерва, во Мадрид, го совлада Атлетико со 2:1, во рамките на 30 коло од Ла Лига.
Во натпревар исполнет со жар, борба, на моменти и груба игра, црвен картон, гостите од Барселона успеаја да дојдат до трите бода.
Домаќинот дојде до водство во 39 минута, со голот на Симеоне. Три минути подоцна, Рашфорд го израмни резултатот. Пред крајот на првото полувреме, дефанзивецот на Атлетико, Нико Гонзалез, направи фаул на работ на шеснаесетникот врз Јамал и доби директен црвен картон.
Во второто полувреме, Барселона потполно доминираше, а до победа дојде дури во 87 минута, кога прецизно стрелаше Роберт Левандовски.
Реал Мадрид претрпе пораз на гостувањето кај Мајорка од 2:1 и се повеќе заостанува во трката за титулата.
Барселона е на првата позиција со 76 бодови, додека Реал кој е на втората позиција, со денешниот пораз, заостанува 7 поени и има 69 бодови.

