Меѓународен ракомет Ракомет

Барселона преку Фуксе Берлин се искачи на европскиот ракометен трон по 13. пат!

Каталонскиот гигант Барселона уште еднаш докажа зошто е најуспешниот европски клуб, совладувајќи го германскиот претставник Фуксе Берлин со 37-34 во големото финале од Лигата на шампионите. Шпанскиот тим диктираше брзо темпо уште од самиот почеток и на пауза замина со сигурна предност од 20-16, благодарение на одличниот голман Нилсен и течниот напад.

Иако Барса во еден момент од второто полувреме имаше и највисоки „плус шест“, Германците предводени од Гидсел и Милосављев успеаја да ја стопат негативата на само два гола. Клучниот момент на неизвесност се случи во финишот кога Барселона остана без Фабрегас, но Германците направија техничка грешка во напад за можен еден гол разлика, што младиот Цикуша веднаш го казни.

Најзаслужен за триумфот беше феноменалниот Луис Фраде со перфектни седум голови од исто толку обиди, а чуварот на мрежата Емил Нилсен блесна со 14 спасени топки. Со оваа победа, Барселона ја потврди својата доминација во Европа, крунисувајќи ја сезоната со рекордната 13-та шампионска титула во клупската историја.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.