Откако пропаднаа преговорите за Хулијан Алварез, Барселона ја промени метата и ги насочи сите сили кон капитенот на Интер, Лаутаро Мартинез. Според информациите на „ТНТ Спортс Аргентина“, каталонскиот гигант е подготвен да понуди дури 100 милиони евра за аргентинскиот голгетер.
Лаутаро наводно веќе дал „зелено светло“ за почеток на преговорите, но реализацијата на оваа зделка делува исклучително компликувана.
Аргентинскиот напаѓач има важечки договор со „нероаѕурите“ до летото 2029 година, а дополнителен проблем за Барселона е времето. Бидејќи новата сезона во Серија А започнува овој викенд, раководството на Интер тешко дека ќе се согласи на продажба без навремено обезбедена соодветна замена за својот клучен играч.

