Меѓународен фудбал Фудбал

Барселона „плаче“ во УЕФА!

Барселона испрати официјална писмо до УЕФА поради незадоволство од судењето на дуелот со Атлетико Мадрид во четвртфиналето од Лигата на шампионите. Од клубот сметаат дека одредени судиски одлуки имале директно влијание врз исходот на натпреварот.

Како клучен момент го издвојуваат случајот од второто полувреме, кога, според нив, имало очигледна игра со рака во казнениот простор, но судијата не покажа на белата точка. Дополнително, реагираат и за тоа што ВАР не интервенирал во таа ситуација.

Каталонскиот гигант бара детална анализа на случајот, увид во судиската комуникација и јасна одговорност за направените пропусти. Воедно, порачуваат дека ваквите ситуации се повторуваат и инсистираат на подобрување на судиските критериуми во иднина.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.

Поврзани вести