Меѓународен фудбал Фудбал

Барселона фрли око на големиот талент на Твенте!

Барселона продолжува да го следи фудбалскиот пазар во потрага по млади и перспективни играчи кои во иднина би можеле да бидат дел од каталонскиот гигант. Клубот од „Камп Ноу“ сега го насочил вниманието кон Холандија, каде што еден млад дефанзивец привлекол сериозно внимание.

Според информациите на Фабрицио Романо, Барселона го следи 18-годишниот Рууд Ниестад, кој настапува за Твенте. Каталонците внимателно ја следат ситуацијата околу младиот фудбалер и не е исклучена можноста да направат конкретен чекор за негов ангажман уште во зимскиот преоден рок или по завршувањето на сезоната.

Ниестад е производ на школата на Твенте и важи за еден од најперспективните млади дефанзивци во Холандија. Иако има само 18 години, веќе добива значајна минутажа во првиот тим и постепено се наметнува како фудбалер за иднината. Во актуелната сезона Ниестад има 11 настапи во сите натпреварувања, на кои постигна и еден гол.

Неговата физичка конституција е уште една од работите што го прават интересен за големите клубови. Холанѓанецот е висок 195 сантиметри, а неговите настапи веќе му донесоа и повик во младинската репрезентација на Холандија, иако сè уште нема дебитирано за националниот тим. Ниестад со Твенте има договор до летото 2029 година, што му дава силна позиција на холандскиот клуб доколку Барселона реши интересот да го претвори во официјална понуда.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.