Меѓународен фудбал Фудбал

Барселона експресно го договори Гордон!

Шпанскиот гигант Барселона реализираше огромен трансфер и го донесе одличниот Ентони Гордон од редовите на англискиот Њукасл Јунајтед. Каталонците подолго време ги следеа настапите на англискиот репрезентативец и брзо ги договорија клучните детали со неговите претставници.
Њукасл од оваа голема зделка ќе инкасира фантастични 70 милиони евра за својот офанзивен фудбалер. Крилниот напаѓач со тимот од „Камп Ноу“ ќе стави потпис на нов петгодишен договор кој вклучува и богати дополнителни бонуси.


Стручниот штаб смета дека Гордон е совршено решение за левата страна поради неговиот изразито брз и агресивен стил. Како алтернатива за оваа позиција, раководството на каталонскиот тим претходно го разгледуваше и евентуалниот ангажман на Абде Езалзули.
Новата ѕвезда на Барселона имаше извонредна сезона во која постигна 17 голови на вкупно 46 натпревари. Покрај одличниот голгетерски ефект, Гордон придонесе за својот досегашен тим во сите натпреварувања и со уште 5 асистенции.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.