Барселона е пред историски финансиски успех. Каталонскиот гигант на Генералното собрание на 19 септември ќе објави приходи од 1 милијарда евра за сезоната 2025/26, што е првпат во историјата клубот да ја достигне оваа граница. Клучен фактор за рекордните приходи е враќањето на тимот на „Спотифај Камп Ноу“ во ноември минатата година, а значаен придонес имаат и спонзорствата и рекордната продажба на клубски производи.
Барселона третпат по ред остварува позитивен резултат од основната дејност, додека буџетот за сезоната 2026/27 ќе надмине 1,1 милијарда евра. На собранието ќе се гласа и за дополнителни околу 500 милиони евра кредит за завршување на проектот „Еспаи Барса“. Од клубот веруваат дека целосното враќање на „Камп Ноу“ ќе донесе уште поголеми приходи и ќе ја зацврсти финансиската позиција на Барселона.

