Меѓународен фудбал Фудбал

Барса и Ливерпул имаат тешки задачи во ЛШ

Вечерва од 21 часот ќе ги дознаеме првите патници во полуфиналето на Лигата на шампионите, каде Атлетико Мадрид и ПСЖ влегуваат со значајна предност од по два гола. Пред фудбалерите на Барселона и Ливерпул е огромен предизвик, бидејќи ќе мораат драстично да ја поправат играта за да ги анулираат негативите од првите средби.

Барселона гостува во Мадрид со тешка задача да го сруши бедемот на Диего Симеоне. Иако каталонците се оптимисти, статистиката не им оди во прилог, особено поради отсуството на клучни играчи како Рафиња и Кристенсен. Од друга страна, Атлетико ќе се обиде да не падне во замката на претерана дефанзива и да го искористи домашниот терен за потврда на победата од 2:0.

Ливерпул, поддржан од своите фанатични навивачи, ќе бара излез од резултатската криза против моќниот ПСЖ. Францускиот шампион доминираше во првиот меч, но „црвените“ се познати по историските пресврти на домашен терен. И покрај отсуството на Алисон, домаќините веруваат дека со многу поагресивен пристап можат да го запрат нападот предводен од Кварацхелија.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.

Поврзани вести