Енис Барди попладнево одигра одличен натпревар за Коњаспор на тешкото гостување против Самсунспор. Натпреварот заврши со резултат 2:2, а токму капитенот на македонската фудбалска репрезентација беше еден од стрелците на головите, откако од пенал, во 23′ минута го матираше голманот на домаќините Кочук.
На табелата во турската супер лига, Коњаспор се наоѓа на 11. позиција со 31 бод.
Enis Bardhi scores from the spot!
Samsunspor 0-1 Konyaspor pic.twitter.com/FCHWunI3h6
— Goals Xtra (@GoalsXtra) April 5, 2026

