Капитенот на македонската фудбалска репрезентација, Енис Барди, ќе продолжи да настапува за Коњаспор и во сезоната 2026/27. Иако во изминатиот период се појавија информации дека турскиот клуб би можел да го продаде пред истекот на договорот, такво сценарио засега нема да се реализира. Барди останува важен дел од тимот, а неговиот договор со Коњаспор важи до летото 2027 година. Тоа значи дека од јануари ќе може слободно да преговара со заинтересирани клубови за евентуален трансфер како слободен играч.
Македонскиот репрезентативец веќе четири години настапува во турскиот шампионат, а по епизодите во Трабзонспор и Бодрум, од минатата сезона е член на Коњаспор. Се очекува Барди повторно да биде во комбинација за настап за македонската репрезентација на септемвриските натпревари од Лигата на нации.

