Меѓународен фудбал Светски првенства Фудбал

Барбарез со солзи во очите по елиминацијата: Горд сум на овие момци и на секој навивач!

Селекторот на Босна и Херцеговина, Сергеј Барбарез, емотивно ја доживеа елиминацијата од Светското првенство 2026, откако неговата репрезентација загуби од САД со 2-0 во шеснаесетфиналето. Иако Американците повеќе од 30 минути играа со фудбалер помалку, „змејовите“ не успеаја да ја искористат предноста, а по натпреварот Барбарез истакна дека неговите избраници заслужуваат пофалби.

„Го контролиравме натпреварот, но направивме грешка што противникот ја казни. Овие момци дадоа сè од себе и сум горд на нив. Им благодарам и на сите навивачи за огромната поддршка, ги сакам овие луѓе“, изјави Барбарез.

И покрај елиминацијата, Босна и Херцеговина го одигра едно од своите најуспешни светски првенства, освојувајќи четири бода и за првпат обезбедувајќи пласман во нокаут-фазата.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.