Меѓународен фудбал Светски првенства Фудбал

Барбарез најави офанзива, Босна оди на победа против Катар!

Репрезентацијата на Босна и Херцеговина нема намера да калкулира во решавачкиот натпревар против Катар на Светското првенство. Селекторот Сергеј Барбарез порача дека неговиот тим ќе игра напаѓачки, бидејќи единствена цел е освојување на трите бода. И двете селекции во последното коло влегуваат со по еден освоен бод, што значи дека победата речиси сигурно носи место во следната рунда, додека ремито би можело да ги остави без шанси за пласман.

„Не сме тим што се брани 90 минути. Секако дека има моменти кога мора да се прилагодиш на противникот, но овој натпревар ќе биде поинаков. И двете репрезентации мора да победат и очекувам отворен фудбал“, изјави Барбарез.

Тој додаде дека статусот на фаворит не значи ништо на вакви натпревари и предупреди дека Катар не смее да биде потценет, без разлика на досегашните резултати.

Натпреварот вечерва започнува со почеток во 21:00 часот.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.