Меѓународен фудбал Фудбал

Барбарез го објави списокот за Лигата на нации, Џеко доби уште еден повик! (ФОТО)

Селекторот на Босна и Херцеговина, Сергеј Барбарез, го објави списокот на фудбалери на кои ќе смета за претстојниот циклус во Лигата на нации, а во центарот на вниманието повторно е искусниот Един Џеко. Капитенот и една од најголемите легенди на босанскиот фудбал повторно ќе го облече дресот на националниот тим, но ова би можело да биде и неговиот последен репрезентативен циклус. Џеко по речиси две децении во националниот тим би можел да се збогува од „Змаевите“, а како можен натпревар за неговиот официјален репрезентативен крај се споменува дуелот со Шведска.

Барбарез главно се потпре на играчите кои го носеа товарот во претходниот период, но на списокот има и три нови имиња. Првпат повик добија голманот Салко Хамиќ од Тирол, дефанзивецот Зинедин Смајловиќ од Олимпијакос и играчот за врска Кенан Бусулаџиќ од Малме.

„Со нова енергија и оптимизам влегуваме во Лигата на нации. Имаме одредени проблеми со повреди, минутажата и промените на клубовите, но ќе направиме сè со овој состав да ги оправдаме очекувањата“, изјави Барбарез.

Повикани фудбалери:

Голмани:
Никола Васиљ (Ал Дирија), Мартин Зломислиќ (Карабаг), Салко Хамиќ (Тирол).

Одбрана:
Тарик Мухаремовиќ (Лидс), Никола Катиќ (Шалке), Амар Дедиќ (Њукасл), Сеад Колашинац (Аталанта), Нихад Мујакиќ (Ерзурум), Стјепан Раделјиќ (Динамо Загреб), Зинедин Смајловиќ (Олимпијакос).

Среден ред:
Иван Шуњиќ (Пафос), Иван Башиќ (Астана), Кенан Бусулаџиќ (Малме), Ермин Махмиќ (Чорум), Наил Омеровиќ (Ештoрил), Амар Мемиќ (Викторија Плзењ), Армин Гиговиќ (Јанг Бојс), Керим Алајбеговиќ (Јувентус), Есмир Бајрактaревиќ (ПСВ).

Напад:
Ермедин Демировиќ (Штутгарт), Јово Лукиќ (Универзитатеа Клуж), Самед Баждар (Сент Тројден), Харис Табаковиќ (Салцбург), Един Џеко (Шалке).

Покрај Џеко, во нападот има уште неколку квалитетни опции, но јасно е дека најголемо внимание ќе привлече токму „Дијамантот“. Искусниот напаѓач со години е еден од симболите на репрезентацијата на Босна и Херцеговина, а претстојниот циклус би можел да биде последниот во неговата репрезентативна кариера.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.