Македонски фудбал Фудбал

Бараж лудило за пласман во македонската елита!

Денеска паѓа големата одлука за пополнување на последните места во Првата фудбалска лига. Не очекуваат два супервозбудливи бараж дуели на неутрален терен.

Екипата на Скопје ќе ги одмери силите против Брера. Овој натпревар ќе се одигра на стадионот „Петар Милошевски“ во Битола. Скопјани после успешната сезона во втората лига, каде завршија на втората позиција, одма позади Брегалница, сакаат камбек во елитното друштво, додека нивниот противник, струмичка Брера се бори по секоја цена за опстанок.

Во исто време, Пелистер ќе се соочи со Шкендија Арачиново. Оваа жестока пресметка ќе биде организирана на стадионот во Кавадарци. Битолчани ја имаат фаворитската улога, но тимот од Арачиново е подготвен за сензација.

Двата натпревари започнуваат точно во 16:30 часот.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.