Европски првенства Меѓународен фудбал Репрезентација на Македонија Фудбал

Балканска кандидатура за ЕУРО 2036 со шест земји домаќини?

Во европските фудбалски кругови нависоко се дебатира за сензационална идеја: заедничка кандидатура на Србија, Хрватска, Бугарија, Македонија, Албанија и Грција за организација на Европското првенство во 2036 година. Доколку овој амбициозен проект добие зелено светло од УЕФА, сите шест балкански земји ќе обезбедат директен пласман на шампионатот без да играат квалификации.

Оваа иницијатива оди во чекор со гласините дека УЕФА планира да го прошири ЕУРО од 24 на 32 репрезентации. Според новиот модел што се разгледува:

  • Квалификациите би се играле во 12 групи, од каде првите две селекции (вкупно 24) одат понатаму.

  • Заедно со 6-те земји домаќини, бројката би достигнала 30 учесници.

  • Последните два билети би се делеле преку плеј-оф турнири во Лигата на нации.

Иако сè уште нема официјална потврда за проширувањето ниту за домаќинот за 2036 година, ваков настан би донел невиден спортски и економски бум во регионот. За Македонија ова ќе претставува извонредна шанса за глобална промоција, откако претходно веќе ја докажавме нашата организациска способност со успешната реализација на Суперкупот на УЕФА во Скопје.

Како потсетување, претстојните континентални собири се веќе резервирани: ЕУРО 2028 ќе се одржи во Велика Британија и Ирска, додека во 2032 година домаќини ќе бидат Италија и Турција.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.