Кошарка Меѓународна кошарка

Баерн со НБА засилување: Марџон Бошамп го засилува тимот во Евролигата!

Германскиот претставник во Евролигата, Баерн Минхен, го комплетираше ангажманот на американскиот кошаркар Марџон Бошамп, кој стави потпис на едногодишен договор со баварскиот клуб. 25-годишното крило зад себе има четирисезонско НБА искуство со 155 одиграни натпревари, а изминатата година ја мина меѓу првиот тим и развојната екипа на Филаделфија, каде што бележеше одлични 23,8 поени по натпревар.

Бошамп не крие дека доаѓањето во Европа го гледа како важна чекор кон понатамошен развој и евентуално враќање во НБА. Тој истакна дека е подготвен брзо да ги совлада спецификите на европската кошарка и да донесе дополнителен талент и енергија во екипата предводена од тренерот Антон Гавел.

Со овој потпис Баерн продолжува со целосната реконструкција на ростерот по завршувањето на минатата сезона на 13. место. Покрај Бошамп, меѓу новите засилувања пристигнаа Остин Вајли, Двејн Вашингтон и Јоханес Тиман, додека клубот го напуштија значаен број играчи, меѓу кои и македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.