Меѓународен фудбал Фудбал

Баерн нема да ризикува, Мусиала надвор од составот за Суперкупот

Тренерот на Баерн Минхен, Винсент Компани, потврди дека Џамал Мусиала нема да биде во составот за германскиот Суперкуп против Борусија Дортмунд. Младиот офанзивец неодамна двапати колабираше на теренот во период од само четири дена, по што му биле констатирани напади на отсуство, состојба која се третира со терапија.

Од Баерн не сакаат да ризикуваат со неговото враќање на терените, а лекарскиот тим работи на најдобриот начин Мусиала безбедно да продолжи со третманот и постепено да се врати во игра. Германскиот репрезентативец порача дека е оптимист и дека добива одлична медицинска грижа.

Мусиала веќе имаше долга пауза минатата сезона поради скршеница на глуждот, а сега повторно се соочува со неизвесност околу неговото враќање на терените.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.