Баерн Минхен забележа значајна победа на гостувањето кај Атлетико Мадрид, совладувајќи го шпанскиот претставник со 2:0 во натпревар од Лигата на шампионите. Германскиот гигант покажа поголема ефикасност во второто полувреме и заслужено ги освои трите бода на „Метрополитано“.
По израмнетото прво полувреме, резултатот го отвори младиот Ленарт Карл во 54. минута, искористувајќи ја големата грешка на Робин Ле Норман во одбраната на домаќините. Конечниот епилог го постави Конрад Лајмер само три минути подоцна, откако одлично беше проигран од Хари Кејн и со силен удар го совлада Јан Облак.
Атлетико се обиде да се врати во натпреварот, но Баерн успешно ги контролираше случувањата на теренот. Германците постигнаа и трет погодок преку автогол на Марк Пубил, но тој беше поништен поради прекршок на Дајо Упамекано. Со овој триумф Баерн испрати сериозна порака до конкуренцијата и потврди дека ќе биде еден од главните кандидати за највисок пласман во елитното натпреварување.

