Меѓународен фудбал Фудбал

Баерн Минхен и Борусија Дортмунд во битка за Суперкупот!

Новата фудбалска сезона во Германија вечерва го има својот најдобар можен вовед со големото дерби меѓу Борусија Дортмунд и Баерн Минхен на „Сигнал Идуна Парк“, вечерва од 20:30 часот каде што двете екипи ќе ги одмерат силите за трофејот во националниот Суперкуп, именуван во чест на легендарниот Франц Бекенбауер.

Актуелниот шампион Баерн ја има фаворитската улога на хартија, а предводникот од клупата Винсент Компани јасно порача дека целта на баварскиот гигант е освојување на сите трофеи оваа сезона. Главна ударна игла во нападот на гостите ќе биде Хари Кејн, додека младиот Џамал Мусијала ќе го пропушти дуелот поради здравствени проблеми.

Од друга страна, Борусија Дортмунд предводена од Нико Ковач ги полага сите надежи во преполниот стадион и поддршката од трибините, кои треба да им ја дадат потребната енергија за триумф. За Баерн ова е шанса за зголемување на рекордот и освојување на 12-тиот пехар во Суперкупот, додека „милионерите“ ќе се борат да стигнат до својата седма титула во ова натпреварување.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.