Иако Баерн Минхен не ја освои посакуваната Лига на шампиони, изминатата натпреварувачка сезона останува запишана како една од најуспешните. Со денешната убедлива „петарда“ во дуелот против Келн, баварскиот гигант официјално стана најефикасната екипа во дваесет и првиот век. Германскиот великан со овој последен резултат на теренот директно ги прескокна досегашните големи рекорди на шпанскиот великан Реал Мадрид.
На вечната фудбалска листа пред Баерн сега се наоѓа само уште легендарниот и моќен состав на италијанскиот Гранде Торино. Славниот италијански тим од минатиот век постигна 125 голови, но Баерн има многу подобар и поефикасен гол-просек по натпревар.
Најголема заслуга за овој нов историски рекорд од 122 гола имаше убоитото офанзивно трио на баварскиот фудбалски гигант. Хари Кејн, Мајкл Олисе и Луис Дијаз комбинирано постигнаа 66 погодоци и заедно придонесоа со уште неверојатни 43 асистенции.

