Вечерва се заокружи четвртфиналната фаза од Лигата на шампиони, а Баерн Минхен и Арсенал ќе ја комплетираат четворката во полуфиналето, заедно со Атлетико Мадрид и ПСЖ.
Во Минхен бевме сведоци на спектакуларна утакмица која ни ја приредија Баерн Минхен и Реал Мадрид. Дека ќе гледаме ревија од прекрасни голови најави Арда Ѓулер уште во 1-та минута, со одличен удар од 30-тина метри по грешката на Ноер и му донесе пресност на Реал. Баерн не чекаше долго да возврати. Само 5 минути подоцна, во 6-та минута, Павловиќ го израмни резултатот по еден корнер, а пак главна улога имаше голманот, овој пат на спротивната страна, Украинецот Луњин. Арда Ѓулер во 29-та минута уште еднаш покажа за каков талент се работи, кога по втор пат му донесе предност на Реал, со фантастичен гол од слободен удар. И двата тима продолжија да играат со спуштен гард, па така Хари Кејн во 38-та минута повторно го израмни резултатот, за само 4 минути подоцна, Килијан Мбапе повторно да донесе предност за кралскиот куп.
Во вториот дел повторно гледавме одличен фудбал, но мрежите мируваа се до финишот на наптреварот кога прво Камвинга доби втор жолт картон во 86-та минута, а тимот од Мадрид до тој момент имаше резултат кој го води во продолженијата. Казната стигна многу брзо, само три минути подоцна, кога Диаз го израмни резултатот на 3:3. Олисе со уште еден прекрасен гол само го потврди пласманот на Баерн во полуфиналето и му донесе нова победа во 94-та минута.
На вториот натпревар вечерва, Арсенал и Спортинг одиграа „здодевни“ 0:0, но тимот од Лондон поради минималната победа на гостински терен се пласираше во полуфиналето.
Во полуфиналните дуели Арсенал ќе го има Атлетико Мадрид за противник, а Баерн Минхен го чека актуелиот шампион ПСЖ.

