Меѓународен фудбал Фудбал

Баерн го „торпедираше“ Лајпциг на „Алијанц арена“ (ВИДЕО)

Најавеното дерби на шестото коло во германската Бундеслига се претвори во целосна демонстрација на сила на Баерн Минхен, кој пред своите навивачи го декласираше РБ Лајпциг со убедливи 6:1 (3:0).

Баварскиот гигант уште од самиот почеток наметна застрашувачки ритам и за нешто повеќе од триесет минути ја реши сите дилеми околу победникот. Луис Диаз ја отвори серијата погодоци во 12. минута по асистенцијата на Џошуа Кимих, а веќе во 28. минута Александар Павловиќ зголеми на 2:0 по одличен соло-продор. Шест минути подоцна, Мајкл Олисе со прецизен удар од работ на казнетиот простор ја затресе мрежата на гостите за убедливи 3:0 уште на полувремето.

Ниту паузата не го запре налетот на домашниот тим. Веќе во 47. минута Луис Диаз со својот втор гол, овојпат на асистенција на Хари Кејн, зголеми на 4:0, а само пет минути подоцна и самиот Кејн се запиша во стрелците за петти гол во мрежата на Вандевоорт. Расположениот Луис Диаз го комплетираше својот хет-трик во 69. минута со уште еден прецизен удар за 6:0, додека гостите во втората минута од судиското надополнување преку Андрија Максимовиќ успеаја само да го постигнат утешниот погодок за конечни 6:1.

Со овој доминантен триумф, Баерн Минхен го искористи киксот на Борусија Дортмунд во Берлин и се искачи на лидерската позиција на табелата со 14 освоени бодови поради подобрата гол-разлика, додека РБ Лајпциг останува на седмото место со девет бода.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.