Меѓународен фудбал Фудбал

Баерн го пикирал Џордан Пикфорд како замена за Мануел Ноер

Баерн Минхен го насочи својот фокус кон Премиер лигата во потрага по нов чувар на мрежата, а главна желба на германскиот гигант е искусниот Џордан Пикфорд. Првиот голман на англиската репрезентација ги импресионираше баварските скаути со константните настапи за Евертон и Англија, каде што и покрај притисокот од помладата конкуренција како Џејмс Трафорд, сè уште е неприкосновен меѓу стативите.

Иако 32-годишниот чувар на мрежата има долгорочен договор со „карамелите“ со важност до летото 2029 година, во Минхен будно ја следат неговата ситуација. Островските медиуми пренесуваат дека Пикфорд засега се чувствува одлично во Ливерпул и ја потврдува својата лојалност кон клубот со кој помина низ голем број тешки моменти, дури и со амбиција да ја заврши кариерата во сегашната средина.

Сепак, единствениот фактор што би можел да го убеди на преселба во Германија е потрагата по трофеи, сценарио многу слично на она кога Хари Кејн го замени Тотенхем со Алијанц Арената. Дали репрезентативната единица на Англија ќе реши да тргне по стапките на својот капитен и да замине во Минхен, ќе биде познато во претстојните трансфер периоди.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.