Меѓународен фудбал Фудбал

Баерн го брани Олисе од Перез со најголемиот договор во историјата на клубот!

Мајкл Олисе игра во страшна форма на Светското првенство, со што само ги потврди нереалните бројки од изминатата сезона во Баерн Минхен. Францускиот репрезентативец со денови ги полни спортските страници, а првиот човек на Реал Мадрид, Флорентино Перез, наводно е подготвен да го собори светскиот рекорд за да го донесе на „Сантијаго Бернабеу“. Баварците мудро молчеа на овие најави, но зад таа тишина всушност се криеше подготовка на спектакуларен план за негово задржување во Минхен.

Германскиот гигант веќе подготвува нов петгодишен договор кој ќе го направи Олисе најплатен играч во историјата на клубот. Баерн планира да му понуди сума од 25 милиони евра по сезона на бруто ниво, колку што заработува и Хари Кејн, со дополнителен мега бонус од 25 милиони евра само за самиот потпис. Раководството е свесно дека традицијата повеќе не е доволна во борбата со најбогатите европски екипи и дека генерациските таленти сега мора да се бранат со огромни финансиски пакети.

Официјалните преговори ќе започнат веднаш по завршувањето на Мундијалот, а спортскиот директор Макс Еберл го чека навистина пеколно лето. Освен статусот на Олисе, тој мора итно да го реши и договорот на Хари Кејн, кој влегува во последната година од соработката, но и да ги финишира трансферите на Саибари и Браун. Целата оваа операција ќе се одвива под сериозен притисок на Надзорниот одбор, кој веќе со месеци инсистира на кратење на клупските трошоци.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.