АЗ Алкмар ја започна новата сезона на најдобар можен начин, освојувајќи го холандскиот Суперкуп по убедливата победа од 4:0 против шампионот ПСВ Ајндховен на „Филипс“ стадионот. Натпреварот беше решен уште во раната фаза, кога ПСВ остана со играч помалку. Џои Верман заработи директен црвен картон по остар старт врз Мекс Мердинк, а по ВАР-проверката судијата без двоумење го испрати во соблекувалната.
АЗ Алкмар брзо ја искористи бројчаната предност, а токму Мердинк го отвори резултатот. Во второто полувреме гостите целосно доминираа и со головите на Весли Патати, Елајџа Дајкстра и Ро-Занџело Даал од пенал ја заверија убедливата победа. ПСВ се обиде барем да го ублажи поразот, но погодокот на Јарек Гасиоровски беше поништен поради офсајд. За АЗ Алкмар ова е втор трофеј во Суперкупот на Холандија во клупската историја, додека ПСВ ќе мора брзо да го заборави тешкиот пораз и да се насочи кон стартот на новата сезона во Ередивизие.

